Не се откажа и успеа: Херојот на Хрватска пред неколку години беше близу аматерски фудбал

Хрватска веќе неколку години е во самиот врв на светскиот фудбал, а тоа го докажа и со елиминацијата на Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Бразил водеше со 1:0, но Хрватска со голот на Бруно Петковиќ во 118 минута стигна до 1:1, а потоа на пенали Коцкестите се радуваа на триумф.

Погодокот што го постигна Петковиќ е најважен во кариерата на 28-годишниот напаѓач на Динамо Загреб. Интересно е дека овој офанзивец пред само неколку години беше на прагот да заврши меѓу аматерскиот фудбал.

Уште како тинејџер Бруно заминал во Италија да ја гради кариерата, а прва станица му е младинскиот тим на Катанија. од 2013 до 2016 година е член на Катанија, но како позајмен игра е дел и од Варезе, Реџијана и Виртус. Потоа една сезона е дел од Трапани. Сите овие клубови се далеку од италијанската елита.

Петковиќ се обиде да се докаже и во Верона и Болоња, но не успеа, па во 2019 годна се врати во Хрватска и потпиша за Динамо Загреб. Со овој трансфер не само што Петковиќ ја спаси кариерата, туку го покажа целиот свој квалитет и стана репрезентативец на Хрватска. Во дресот на Коцкестите одигра 27 меча и постигна седум гола, а сигурно овој против Бразил ќе го памти засекогаш.

- Оглас -

Најнови вести