Не се памти ваков пречек: Рио де Жанеиро обоен во црвено – пристигна шампионот Фламенго

Пред помалку од 24 часа, екипата на Фламенго ја освои клупската шампионска титула на Јужна Америка. Бразилскиот гигант стана шампион, откако во неверојатен меч со 2:1 го победи досегашниот првак Ривер плејт. Аргентинците водеа со 1:0 до 89 минута, но Фламенго со неверојатен пресврт и два гола на Габриел Барбоса стигна до победа од 2:1.

Шампионите вечерва пристигнаа во Рио де Жанеиро, а најпознатиот бразилски град се обои во црвено, бојата на Фламенго.

Фламенго по втор пат во клупската историја стигнува до трофејот во Либертадорес Купот, повторувајќи го успехот од пред 38 години, па навивачите заслужено слават. За тоа како изгледаше финалето, кое во многу нешта потсети на финалето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер јунајтед и Баерн Минхен од пред 20 години, може да прочитате ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести