Не се победува Селтик секој ден, за спомен добра е и конструкцијата од голот (Видео)

Ливингстон за првпат го победи Селтик откако игра како клуб под ова име, а навивачите лудуваа долго по триумфот од 2:0 на стадионот „Алмондвејл“ во овој град.

По завршувањето на мечот, камерите на „Скај спортс“ снимија интересна сцена, односно кадар додека се анализираше мечот.

Во позадина се гледа човек како се обидува да ја откорне конструкцијата на голот, веројатно како спомен за првата победа на Ливингстон во клупската историја.

Овој клуб се пресели во 1995 година во Ливингстон и оттогаш игра под истото име на градот. Во 2001 година за првпат стана член и на Првата шкотска лига и оттогаш имаше неверојатни 23 меча против Селтик без ниту една победа.

Вчера со головите на Робинсон и на Дајкс го урна гигантот и ја забележи првата победа против Келтите, што предизвика луда атмосфера во Ливингстон. И, секако, како шлаг на сето тоа е човекот што веројатно сакаше да ја однесе дома рамката на голот од „Алмондвејл“ како убав спомен од блескавиот успех.

https://twitter.com/footbalIfights/status/1180941953007046662?s=20

- Оглас -

Најнови вести