Не се сите англиски навивачи лоши гости (Видео)

Англиските навивачи кои ја бодреа својата репрезентација за време на завршницата од Лигата на нациите во Португалија, на локалното население во градот Гимараиш ќе му останат во позитивно сеќавање. Англичаните се познати како проблематични, но во Гимараиш беа мирни како „бубачки“.

Иако се очекуваше тие под дејство на алкохол да дивеат и да прават проблеми, овојпат ја покажаа својата позитивна страна. Целиот смет и неред кој го направија, го исчистија пред заминувањето дома. Овој потег толку многу го воодушеви населението во Гимараиш, што локалците им направија почесен кордон и ги поздравија со аплаузи.

- Оглас -

Најнови вести