Репрезентативецот на Белгија до 17 години, Џорти Мокио, беше на прагот да потпише за екипата на Барселона. Тој и неговото семејство дури и им беа гости на Каталонците на мечот против ПСЖ во Лигата на шампионите, но 16-годишниот фудбалер на крајот потпиша за Ајакс.
Ваквата одлука и пресвртот ги објаснува неговиот татко, кој вели дека не сака на неговиот син да му се случи тоа што му се случува на Микаел Фаје.
„Разговаравме со спортскиот директор Деко и ни беше кажано дека ќе има шанса каква што добил Ламине Јамал. Требаше да тренира со првата екипа. Во Барселона притисокот е голем. Ако не оди сè по планот, може да завршиш во Осасуна. Изгледаше дека правиме голем чекор. Вистина е дека бевме блиску до потпис, а потоа гледате дека ќе го продаваат 19-годишниот стопер во Порто. Тоа беше премногу. Не можев тоа да му го направам на мојот син“, вели таткото на Мокио.