Минаа години – Паметите ли кога Барселона била фудбалски аутсајдер?

Барселона е аутсајдер против Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите според коефициентите што веќе ги објави Sport Life и по подолго време Каталонците се во подредена ситуација.

За победа на Меси и соиграчите во петок на „Луж“ во Лисабон коефициентот е 3.20, нерешениот исход е со квота 3.75, а победа на Баерн се вреднува со коефициент 2.05.

Оддамна не се случило во европските купови петкратниот европски првак од Каталонија да биде јасен аутсајдер, но Баерн игра во страшна форма, па очекувано има помал коефициент за победа од Барса.

Двете екипи се единствените што имаат европска круна, а во витрините им се по пет, односно вкупно 10.

Четвртфиналето ќе започне со дуелот меѓу Аталанта и Пари Сен Жермен на 12. август во среда на „Луж“ во Лисабон, а следниот ден во ист термин од 21 часот и на истиот стадион ќе играат Лајпциг и Атлетико Мадрид.

Потоа следи големото дерби меѓу Барселона и Баерн, а финишот на четвртфиналните нокаут дуели е во сабота на 15.август со пресметката меѓу Манчестер сити и Лион.

Коефициентите во Sport Life се веќе објавени, а вие веќе можете да типувате на мечевите од Лигата на шампионите ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести