Не се среќни што мора да патуваат до Баку, но Данците би играле и на Јужниот пол

Селекторот на данската репрезентација, Каспер Хјулманд, го критикуваше решението на УЕФА четвртфиналето од ЕВРО 2020 против Чешка да се игра во главниот град на Азербејџан, Баку, но додаде дека во неговиот тим толку се возбудени за средбата в сабота, што би играле и на Јужниот пол.

„Од спортска гледна точка, има други места на кои би претпочитал да се одиграше овој меч со Чесите. Но, и на Јужниот пол да беше, ние пак одвај ќе чекавме да го одиграме четвртфиналето“, изјави Хјулманд.

Досега Данска три меча одигра дома во Копенхаген, а еднаш играше во Амстердам, кој не им е далеку. Сега треба да играат далеку од дома, во друга часовна зона. Растојанието од Копенхаген до Баку е 4.100 километри. Но, и на Чесите не им е многу поблиску Азербејџан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести