Не секој може да погоди од „степ-бек“ (видео)

Центарот на Детроит пистонс ноќеска беше одличен во гостинската победа над Чикаго булс со 104:112. Драмонд заврши со ефикасен дабл-дабл учинок од 20 поени и 24 скока, но од овој меч сите ќе го паметат неговиот катастрофален потег.

Во обид да изгради простор за шут за три поени, Драмонд направи „степ-бек“ и ја го погоди горниот дел од таблата наместо обрачот. Не беше потребно многу време за да стане „хит“ на социјалните мрежи,  ѕвездата на Пистонс денес е главна тема за сеир.

- Оглас -

Најнови вести