(Не)сериозно: До Манчестер сити дојде официјална понуда за Ерлинг Халанд!

Од Англија доаѓа интересна, по малку и шокантна вест, а тоа е дека еден аматерски клуб кој се натпреварува во седмата англиска лига, испратил официјална понуда до Манчестер сити, од кого го бара на позајмица Ерлинг Халанд.

Клубот Ештон јунајтед сака Халанд да го има на располагање во период од 28 дена за време на Мундијалот во Катар.

Во Ештон сметаат дека подобро би било Халанд да игра фудбал макар и на аматерско ниво и да им помогне, отколку да „дреме“ или да игра голф за време на Светското првенство во Катар.

Се чека одговорот на Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести