Словенија ќе го памети ова ЕП. Оваа репрезентација првпат успеа да ја помине групната фаза, а во четири меча што ги одигра не загуби ниту еднаш. Елиминацијата за Словенија стигна откако во осминафиналето Португалија беше подобра по изведување на пенали.
Во регуларниот дел беше 0:0, а потоа во дополнителните 30 минути се случуваше драма. Најпрво во 105-тата минута беше досуден пенал за Португалија, а Кристијано Роналдо не погоди. Потоа Роналдо од мака почна да плаче и неговата реакција може да ја видите ТУКА.
По таа шанса Португалија да поведе, своја можност за водство имаше и Словенија. Ае играше 115-тата минута кога Бенјамин Шешко излезе сам пред голманот на Португалија, Диого Кошта.
Шешко ја искористи грешката на 41-годишниот Пепе, тргна сам во напад, но кога требаше да погоди, шутираше, а Коста одбрани.
Токму тоаа одбрана на Кошта како да му даде дополнителна самодоверба за да блесне во пенал-рулетот, кога успеа да ги одбрани сите три удари од белата точка на фудбалерите на Словенија.
Шешко не шутираше пенал, но тој е трагичарот затоа што ако тој погодеше во 115-тата минута, пеналите најверојатно немаше ни да се случат.