Не смееше да им пресуди автогол: Бока продолжи со позитивниот учинок против бразилски екипи во Копа Либертадорес (видео)

Бока јуниорс се пласира во четвртфиналето на Копа Либертадорес откако на пенали со 5-4 го елиминира Интернасионал. Гостите со автогол на Фабра израмнија на 1-1 во вкупниот резултат од двомечот, па пенал-рулетот на „Ла Бомбонера“ мораше да го одлучи патникот во наредната фаза.

Според историјата и статистиката, Бока беше во пол-позиција да триумфира и успеа по промашувањата на Родриго и Пеглоу од белата точка. Бока на меѓународната сцена се има сретнато 20 пати против бразилски екипи, од кои дури во 17 наврати успевала да се протне до наредната фаза од Копа Либертадорес.

Само Сантос во 1963, Флуминенсе во 2008 и Коринтијанс во 2012 година успевале да ја елиминираат Бока од најелитното јужноамериканско клупско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести