Не за џабе имаме исти бои на знамето, Шпанките навиваат за Македонија!

Врела јужњачка крв, сличен карактер, исти бои на знамињата, се само дел од поврзаноста на Македонците и Шпанците, па не е ни чудно што шпанските навивачки кои се во Краков, на мечевите во нашата група навиваат за Црвено-жолтите.

И ракометната поврзаност е цврста и носеше успеси.

Шпанките знаат за нашиот селектор Кирил Лазаров кој со успех играше за шпански клубови, а подобро упатените знаат и дека скопски Вардар во своите редови имаше вистинска шпанска колонија во годините на најголемите успеси и европските титули.

Тренерите Раул Гонзалез, Роберто Парондо и Давид Дејвис, а од играчите Душебаев, Штербик, Канелјас, Македа, Гурбиндо, оставија длабоки траги во клубот, па благодарение на дел од овие Шпанци, македонскиот првак се вивна во европските височини.

- Оглас -

Најнови вести