Не за џабе му е идол: првиот гол на Ѓулер за Реал е копија на првиот гол на Озил за Кралевите (Видео)

Младиот турски фудбалер Арда Ѓулер, синоќа го постигна својот дебитантски погодок во дресот на Реал Мадрид, публиката и соиграчите од Реал беа пресреќни, долго се чекаше на ова, а младиот Турчин не беше еуфоричен, бидејќи не е среќен со малата минутажа која ја добива.

Ѓулер ќе мора да има трпение ако сака да успее во Реал, талентот го има, а тоа го докажа синоќа против Селта кога убаво го издрибла голманот Гуаита и со послабата десна нога даде гол.

Интересно е дека овој гол неодоливо многу посетува на првиот гол на Месут Озил во дресот на Реал пред една деценија. Озил му е идол на Ѓулер, а судбината сакаше сефтето во белиот дрес да им биде на речиси ист начин.

Погледнете ја споредбата на головите на Ѓулер и Озил:

https://twitter.com/i/status/1766921335488348253

- Оглас -

Најнови вести