Не знаат за доста, Вулфс ќе ангажираат уште еден Португалец

Десниот бек Нелсон Семедо, во наредните денови ќе го комплетира својот трансфер од Барселона во Вулверхемптон. Ова го најавуваат повеќе медиуми, а шпекулациите се дека Волците на каталонците ќе им платат обештетување од 38 милиони евра.

Вулверхемптон го продаде Диого Жота во Ливерпул за 45 милиони, па решија заминувањето на еден да го пополнат со доведување на друг Португалец. Вулфс е „мала Португалија“, португалската колонија во тимот е огромна, и не е изненадување што тренерот Нуно Еспирито Санто сака да го привлече сонародникот.

Семедо не е баш пожелен во Барселона, тренерот Куман има поинакви идеи, го преферира Сержи Роберто или ако имаат пари да се купи Дест од Ајакс, а Семедо доби дозвола да си бара нов клуб. Подобра странска средина за еден Португалец од Вулверхемптон нема. Таму играат осум Португалци, Семедо би бил деветти.

Семедо деновиве треба да ги мине лекарските тестови, па ќе потпише договор до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести