Неделен дерби маратон, рај за обложувачите

Љубителите на фудбалот низ Европа денеска ќе имаат задоволство да гледаат и следат резултати од многу натпревари кои во земјите каде што се играат, важат за големи дербија.

Дерби натпревари ќе има на сите делови од континентот. Во нашето северно соседство, се игра белградското дерби Партизан – Црвена ѕвезда, а ќе биде многу жешко и на југ, поточно во Атина и Солун. Панатинаикос го пречекува лутиот ривал Олимпијакос, а првакот ПАОК е во улога на домаќин во пресметката со Арис.

Од топ 5 лигите, најголемо внимание предизвикуваат мечевите Челзи – Ливерпул, Севилја – Реал Мадрид, Лион – ПСЖ и Ајнтрахт – Борусија Дортмунд. Во Италија, синоќа Милано „се тресеше“ од дуелот на Милан и Интер.

Можеби за некого не се толку атрактивни и привлечни, но има и други пресметки кои се големи дербија во своите земји и кои таму се чекаат со нетрпение, без разлика на моментниот пласман на табелата. Во Холандија силите ќе си ги одмерат великаните ПСВ Ајндховен и Ајакс, а во Белгија играат Клуб Бриж – Андерлехт.

ФКСБ, или поранешна Стеауа, го пречекува романскиот првак Клуж, додека во Данска, играат Копенхаген и Мидјиланд кои во моментов се на првите две позиции.

И кај нас се игра речиси комплетно коло, а сега да беше на пример 1995 година, ќе зборувавме за големо дерби помеѓу Вардар и Силекс.

- Оглас -

Најнови вести