Неделниот Супербоул беше најгледан настан во САД по слетувањето на Месечината во 1969 година

Финалето во НЛФ-лигата, популарниот Супербоул, во кој Канзас сити чифс го победи Сан Франциско фортинајнерс со 25:22 и тоа во продолжението, е најгледан телевизиски настан во САД уште од слетувањето на американските астронаути на Месечината во 1969 година, покажаа анализите на агенцијата „Нилсен“ и телевизијата Си-би-ес.

Магазинот „Вариети“ пишува дека неделниот Супербоул го гледале 123,4 милиони луѓе на разни платформи, со што е соборен рекордот на минатогодинешниот Супербоул, кој бил следен во живо од 115 милиони Американци.

Историското слетување на Месечината во 1969 година го гледале помеѓу 125 и 150 милиони Американци.

 

Дел од натпреварот меѓу Канзас сити и Сан Франциско го следеле 202,4 милиони луѓе, и го собори рекордот од минатата година, кога 184 милиони Американци во живо погледнале дел од големото финале на НФЛ-лигата.

- Оглас -

Најнови вести