Недостасуваа и тениските мајстории: Тим во стилот на Федерер (видео)

Доминик Тим во овие моменти стартува во финалниот натпревар против Филип Крајиновиќ на Адрија турнирот во Белград. Австриецот обезбеди битка за пехарот на егзибицискиот турнир така што го совлада Григор Димитров со 4-3, 4-3, а при финишот на средбата Тим изведе мајсторија која е карактеристична за Роџер Федерер.

Со трик-удар меѓу нозете, Тим го натера Димитров да го брка топчето и да згреши, а токму вакви тениски атракции недостасуваа во изминативе три месеци додека траеше паузата поради корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести