Недвед се „тресеше“ на трибината, Јувентус едвај дојде до првата победа во Серија А (ВИДЕО)

Дури по пет одиграни кола во Серија А, Јувентус дојде до првата победа откако во еден неизвесен натпревар успеа на крајот да слави на гостувањето кај Специја со 3:2.

Иако лесно можеа домаќините да дојдат барем до еден бод, бидејќи имаа водство од 2:1 со голот на Јанис Анисте, сепак, во последните 30 минут, Јуве преку Кјеза (66′) и Де Лихт (72′) направи целосен пресврт и и се радуваше на победата.

Павел Недвед, легендарниот играч на овој тим, а сега и директор, не можеше да го дочека крајот и да се израдува на првата победа на својот тим.

Со тоа, Старата дама барем за момент ќе се искачи на 12-тото место на табелата во Серија А со 5 бодови, но остатокот натпревари ќе се одиграат вечерва и утре, па можно е да има дополнителен пад.

 

https://twitter.com/ReteThisWay/status/1440738964709597188

- Оглас -

Најнови вести