Неефикасно полувреме на полуфиналните дуели од ЛЕ и ЛК: Само три погодоци на четири натпревари (Видео)

Само три погодоци на четирите полуфинални дуели од Лигата на Европа и Конференциската лига се постигнати во првото полувреме.

На дуелите во Лигата на Европа немаше погодоци во првиот дел на натпреварот Рома – Баер Леверкузен, додека на вториот натпревар Севиља како гостин води против Јувентус со 1-0 со погодокот на Јусуф Ен Несири во 26-тата минута.

Во Конференциската лига, Фиорентина и АЗ Алкмар имаат минимални водства на полувремето.

Фиорентина со голот на Артур Кабрал во 25-тата минута има водство на паузата со 1-0 против Базел.

Иста предност, но на гостински терен, има и АЗ Алкмар во дуелот против Вест хем. Рејндерс во 42-рата миута беше единствениот стрелец во првиот дел на овој натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести