Негативен тест за Суарес, се враќа во екипата

Атлетико Мадрид во претстојниот викенд ќе биде посилен со враќањето на Луис Суарес во тренажен процес со екипата. Уругвајскиот голгетер го прележа корона-вирусот и по две недели во самоизолација, вчера доби негативен тест за ковид-19.

За Диего Симеоне е одлична вест што ќе може да смета на Суарес за првенствениот дуел против Валјадолид во сабота. Суарес се враќа во вистински момент. Јорганџиите следната недела ќе треба да го потврдат пласманот во нокаут-фазата во ЛШ, против Салцбург ќе водат директна битка за второто место во групата А.

Искусниот напаѓач веднаш по преселбата од Барселона на „Ванда Метрополитано“, се наметна како клучна фигура во тимот на Симеоне. Доказ за тоа се петте погодоци на Суарес во шест лигашки меча, додека уште се чека негов погодок на меѓународната сцена.

 

- Оглас -

Најнови вести