Неговата репрезентација победи, а тој вели: Ја мразам секоја минута од овој меч

Република Ирска победи минимално со 1:0 на гостувањето кај Гибралтар, иако гостите беа апсолутни фаворити и се очекуваше да дадат многу повеќе погодоци. Откако на полувремето беше 0:0, на почетокот на вториот дел, односно во 49-тата минута, Хендрик погоди и тоа се покажа како доволно за победа на гостите.

По мечот, селекторот на гостите, Мик Мекарти беше премногу лут поради тоа што неговите играчи до последната минута стравуваа дали ќе победат, иако се очекуваше „да се прошетаат“ на гостувањето кај Гибралтар.

„Ја мразам секоја минута од овој меч. Ова беше ужасно. Покрај се што се случи, на крајот можам да кажам само дека сум задоволен што победивме со 1:0“, рече Мекарти. Освен голот, најинтересен момент на овој меч беше тоа што се случи уште на самиот старт, кога покрај теренот на кој се играше мечот од евроквалификациите, полета авион.

Колку само за споредба, Ирска играше два меча против Гибралтар и во квалификациите за ЕП 2016 година, а тогаш мечот во Гибралтар заврши со победа на гостите од 4:0, додека во Даблин домаќините беа уште поубедливи и славеа со 7:0.

- Оглас -

Најнови вести