Почетокот на мечот од евро квалификациите „го означи“ полетување на авион (Фото)

Република Ирска минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Гибралтар во меч од квалификациите за пласман на ЕП 2020 година. Гибралтар е најмладата селекција во семејството на УЕФА, а денеска покажа дека може да создаде проблеми на ривалите, па Ирска со само еден гол стигна до трите бода во Д групата.

Овој меч го одбележа еден несекојдневен потег. Само што започна мечот, односно уште во првата минута, додека фудбалерите ја започнуваа битката на теренот, на стотина метри подалеку, авион полетуваше. Стадионот на кој игра Гибралтар нема трибини на сите четири страни, па на една од страните која има само ограда е на неколку стотина метри од аеродромот, а фудбалерите беа сведоци на едно полетување.

Во останатите мечеви кои досега се одиграа во квалификациите за ЕП: Грузија – Швајцарија 0:2, Малта – Фарски Острови 2:1, Шведска – Романија 2:1.

- Оглас -

Најнови вести