Кајл Ларин станува вистински кошмар за Ризеспор, а Канаѓанецот повторно покажа дека му лежи стилот на игра на ривалот од Турција и со нов гол ги елиминира во Турскиот куп.
Ларин вечерва беше стрелец на единствениот гол за Бешикташ во осминафиналето на Турскиот куп, но вкупниот биланс против Ризеспор само за четири дена и на два различни дуели му е пет погодоци.
Cyle Larin 🍁 with the winning goal for @Besiktas today. #CANMNT
— Canada Soccer (@CanadaSoccerEN) January 13, 2021
Само пред четири дена, Канаѓанецот ја наполни мрежата на Ризеспор со 4 гола во победата од 6:0 во меч од турското првенство, а и вечерва еднаш беше прецизен за нов триумф на гигантот.
Шпицот на Бешикташ сезонава има извонреден учинок од 14 погодоци на 20 натпревари во сите конкуренции.
Ларин моментно е втор стрелец во Суперлигата на Турција со 11 погодоци, еден помалку од лидерот Бупенѕа од Хатајспор, кој постигна 12 гола.