Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар постигна нов гол во дресот на Сантос, овојпат од пенал во 56-тата минута од мечот против Интернасионал. Тој мина на теренот 89 минути пред да биде заменет и повторно испрати порака до селекторот на Бразил дека е подготвен да се врати во националниот тим, откако беше изоставен од списокот за пријателските мечеви кои ќе се одиграат кон крајот на месецов.
ELE APARECE. GOL DO NEYMAR!!!!!!!!!!
DE PÊNALTI! SANTOS EMPATA O JOGO!
— DataFut (@DataFutebol) March 19, 2026
Сепак, голот на Нејмар не беше доволен за поволен резултат бидејќи Сантос загуби со 1-2 пред своите гледачи од екипата која беше на последното место во првенството на Бразил во пресрет на овој меч, и тоа со гол примен во 95-тата минута.

