Нејмар на тренинг дојде со хеликоптер вреден 10 милиони евра!

Капитенот на бразилската репрезентација, Нејмар, на собирот на националниот тим пристигна со хеликоптер. Мерцедес Ер Бас Х-145 е хеликоптер вреден 10 милиони евра, а Нејмар со него пристигна во тренинг-центарот на бразилската репрезентација.

Нејмар го користи хеликоптерот кога е во родната земја, а сега го искористи да пристигне и на тренинг.

Бразил во овој дел од квалификациите за Светското првенство во Катар ќе игра против Колумбија и Аргентина. По досега одиграните мечеви во јужноамериканските квалификации, Бразил е убедливо прв со 31 бод од 11 меча и по следните две средби може и дефинитивно да си обезбеди место на завршницата на Мундијалот кој ќе се игра следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести