Дербито во Париз меѓу ПСЖ и Марсеј заврши хаотично и со тепачка меѓу фудбалерите која резултираше со пет црвени картони во финишот. Гостите триумфираа со 1-0, а мечот го завршија со девет фудбалери, додека од составот на Светците исклучени беа Паредес, Курзава и Нејмар.
Бразилската ѕвезда подмолно предизвика втор бран на тупаници откако од позади го удри Алваро по главата, а потоа на „Твитер“ напиша дека му е жал што не го удрил во лице.
„Единствено ми е жал што не го удрив во лице тој го*нар“, напиша Нејмар, а потоа и ја продолжи расправијата со играчот на Марсеј на социјалните мрежи.
Único arrependimento que tenho é por não ter dado na cara desse babaca
— Neymar Jr (@neymarjr) September 13, 2020
„Ти не си човек штом не ја признаваш грешката. Поразот е дел од спортот, но ти почна со расистички навреди. Немаш карактер, не можам да те почитувам затоа што ти не си маж, ти си расист!“, му се обрати Нејмар на објавата на Гонзалес.
https://twitter.com/neymarjr/status/1305322928045780994