Нејмар по стапките на Роналдо, ќе го брка рекордот на Пеле

Нејмар на 98 меча во дресот на бразилскиот национален тим има постигнато 61 гол (42 се на пријателски мечеви), и тоа е речиси идентичен учинок каков што имаше Роналдо Назарио. „Феноменот“ кариерата ја заврши со 62 гола на 98 меча за својата земја, но имаше и три финалиња на СП и две титули на Копа Америка, за разлика од Нејмар.

Прв стрелец во историјата на Кариоките е Пеле, со 77 гола на 92 настапи. Добар просек има и Ромарио со 55 гола на 70 меча, а петти на вечната листа е Зико со 48 гола на 71 меч.

Нејмар пред некој ден се изедначи со Роналдо, со кого играа заедно во 2011 година. Тогаш Нејмар имаше 19 години и беше голема надеж на „Селесао“. Роналдо при повлекувањето кажа дека мегаталентираниот Нејмар е неговиот наследник. Сега, осум години подоцна, Неј речиси го стигна Роналдо по бројот на голови за Бразил, а откако ќе го мине, ќе се фокусира на бркање на рекордот на Пеле, кој сега му бега за 16 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести