Нејмар решил да се понуди и на Јувентус и Манчестер

Нејмар очајно бара начин како да си замине од Пари Сен Жермен. Бразилецот јасно порача дека нема намера во новата сезона да го носи дресот на францускиот тим и дека негова голема желба е да се врати во Барселона. Сепак, ПСЖ не сака лесно да се откаже од Нејмар, па порача дека кој ќе сака да го откупи неговиот договор, ќе мора добор да искешира.

Барселона летово веќе го доведе Антоан Гриезман за сума од 120 милиони евра, па реално, шансите да го купи и Нејмар се минимални, освен ако не бидат вклучени неколку играчи во продажбата. Оваа варијанта засега делува неприфатлива за ПСЖ.

Според шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, Нејмар бара и втора опција. Доколку не успее да замине во Барселона, Бразилецот би можел да замине во друг правец. Весникот потенцира дека Нејмар почнал да им се нуди и на Јувентус и на Манчестер јунајтед, а во опција би било и заминување во Баерн Минхен. Едноставно, Нејмар би играл во кој било гигант само да не биде дел од ПСЖ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести