Нејмар се искарал со газдата на ПСЖ поради Дани Алвеш

Во таборот на ПСЖ дошло до караница меѓу Нејмар и катарскиот газда Насер Ал-Келаифи. Причина за недоразбирањето е што клубот му понудил на Дани Алвеш нов договор со необична клаузула. Имено, Алвеш во следната сезона би заработувал според бројот на настапи, но тој сака фиксна сума, односно сигурна плата.

Токму затоа, Нејмар се искарал со газдата поради неговиот близок пријател, и побарал да му биде понуден соодветен договор. Во спротивно, Алвеш се закани дека по крајот на оваа сезона ќе го напушти Париз како слободен играч, бидејќи неговиот тековен договор завршува кон крајот на јуни.

Ѕвездата на „светците“ има поддршка и од тренерот Томас Тухел во оваа расправија, кој исто така побарал од ракодовството да се потруди да го задржи Алвеш уште најмалку една година. Десниот бек со неговото искуство е од голема важност за германскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести