Нејмар се врати на теренот и веднаш направи шоу (Видео)

Бразил и Колумбија одиграа нерешено 2:2 во интересен меч одигран на неутрален терен во Мајами. Дуелот го одбележа враќањето на Нејмар на теренот. Ѕвездата на Бразил повеќе од три месеци паузираше поради повреда на зглобот на ногата, а ноќеска покажа дека е целосно подготвен.

Нејмар го одигра целиот меч и беше најдобар играч кај Кариоките. Најпрво асистираше за погодокот на Касемиро со 19 минута, а потоа погоди во 58 минута, кога израмни на 2:2. За Нејмар ова беше 61-ви погодок во дресот на националниот тим и сега е само на еден гол зад Роналдо, додека прв на вечната листа на стрелци кај Бразил останува Пеле со 77 голови.

Мируел ги даде двата гола за Колумбија во првото полувреме и потврди дека оваа селекција е одлична, но сепак не успеа да ја прекине низата од 17 меча без пораз на Бразил.

Голови имаше и во останатите два репрезентативни средби кои се играа ноќеска. Мексико му покажа на САД зошто е шампион во Голд Купот и славеше со 3:0, додека Уругвај со 2:1 беше подобар од Костарика и тоа благодарение на голот на Родригез во 90 минута.

https://youtu.be/6zkeo1wfAVs

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести