Нејмар: Секогаш ми се допаѓал Париз, и кога играв во Барселона

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, во интервју за еден француски медиум, зборуваше за неговата љубов кон главниот град на Франција, Париз, каде што игра од 2017 година.

„Секогаш ми се допаѓал Париз. Дури и кога бев играч на Барселона, доаѓав во Париз на викенди. Овој град секогаш бил посебен за мене, така и ќе остане. Секоја сезона во ПСЖ ми е шанса да испишеме историја, и тоа ме мотивира. Сакам да играм важни натпревари и да освојувам трофеи“ – изјави Нејмар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести