Нејмар состави идеален фудбалер со делови од него, од Меси, Роналдо, Рамос, Канте…

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, беше запрашан да даде свое мислење како би изгледал еден перфектен фудбалер и кои квалитети би требало да ги има еден таков играч.

„Мислам дека перфектен фудбалер би требало да ја има физичката подготвеност на Кристијано Роналдо, еластичноста на Ибрахимовиќ, играта со глава на Серхио Рамос, брзината на Мбапе, левата нога на Меси, мојата десна нога, позиционирањето на Левандовски, лизгачките стартови на Канте и креативноста на Верати“ – рече Нејмар.

Потоа Нејмар кажа за кои играчи од бразилската лига мисли дека би успеале во Европа.

„Габриел Менино, потоа Кајо Жорже од Сантош, многу ми се допаѓа Жерсон од Фламенго, мислам дека треба да дојде во Европа, а и Габигол би бил добар во Европа“ – рече Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести