Нека се знае – ова се луѓето кои ги нападнаа Озил и Колашинац (Видео)

Криминалците кои со ладно оружје ги нападнаа и се обидоа да ги ограбат фудбалерите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колaшинац, биле Англичани, а лондонската полиција го објави и нивниот идентитет.

Станува збор за Ешли Смит, кој има 30 години и 26-годишниот Џордан Нортовер. Двајцата ја признаа вината, а в петок на 9 ноември ќе се знае и какви казни ќе добијат за нападот кој летоска го шокираше светот, а од Босанецот Колашинац направи јунак поради храброста со која ги избрка вооружените напаѓачи.

Ешли и Џордан се закануваа со остар предмет и сакаа да му го украдат часовникот на Озил, кој седеше во својот џип, но пред нив се испречи Колашинац, кој со голи раце почна да ги брка. Колашинац влезе во колата на Озил во која беше и сопругата на турскиот Германец и се упатија до еден ресторан каде [to добија помош од пријатели, иако беа следени од крадците.

- Оглас -

Најнови вести