Некогашен играч на Шалке кој ја лажираше својата смрт, доби затворска казна од четири години

Јаник Камба, поранешниот фудбалер на Шалке 04, се обиде да ја лажира својата смрт за да добие финансиско обесштетување, но наместо тоа, доби затворска казна.

Тој ќе мора да одлежи 46 месеци, односно четири години поради овој настан, откако пред пет години наводно загинал, а парите легнале на „вдовицата“ Кристин Вон, која добила сума од еден и пол милион евра, која доби иста казна како и некогашниот фудбалер.

Камба своевремено важел за голем талент во редовите на Шалке и своевремено играл со Мануел Нојер, но очигледно е дека кариерите на овие двајца отидоа во тотално спротивен правец.

- Оглас -

Најнови вести