Некогашен соиграч на Алиоски прави трансфер во Барселона потпишувајќи договор на пет години

Фудбалерот на Лидс, Рафиња потпишал петгодишен договор со екипата на Барселона.

Некогашниот соиграч на нашиот Езџан Алиоски од наредното лето ќе игра во каталонскиот гигант, иако Барселона и Лидс сè уште не можат да пронајдат заеднички јазик за реализација на трансферот.

Рафиња доаѓа на местото на Осман Дембеле, кој што на лето ќе си замине како слободен агент, откако неговите агенти и раководстовото на Барса не најдоа договор.

Рафиња за Лидс до сега има одиграно 57 натпревари и постигнато 15 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести