Некогашниот француски репрезентативец осуден на три години затвор

Поранешниот француски репрезентативец Тони Виралјес е осуден на пет години затворска казна, од кои две се условни, затоа што заедно со неговите браќа пукале во три лица од обезбедување во ноќен клуб.

Тони Виралјес е уапсен во октовмри 2011 година поради вмешаност во пукање пред ноќен клуб во Нанси, а пуштен бил пет месеци подоцна.

Браќата Виралјес користеле и бејзбол палки, додека луѓето од обезбедувањето возвратиле со пуштање на солзавец. процесот кој траеше повеќе од 10 години, конечно доби разрешница, па браќата Виралјес се осудени од три до пет години затвор, додека луѓето од обезбедувањето поминале со условни казни.

Ако се знае дека некогашниот фудбалер помина добар дел во куќен притвор, на Тони му остануваат нешто помалку од една година за да ја одлежи затворската казна.

Виралјес кариерата ја започна во Нанси, а играше и за Ленс и Лион, со кои има шампионски титули во Франција од 1998 и 2003 година. Во периодот од 1998 до 2000 година имаше и осум настапи за француската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести