Некогашниот играч на Реал Мадрид призна дека Халанд се распрашувал за тоа како е да се игра за кралскиот клуб

Мартин Одегард своевремено важеше за еден од најголемите светски таленти., Норвежанецот кој што своевремено од Стромгодсет на 16 годшна возраст дојде во Реал Мадрид, не се изнаигра толку многу таму.

Затоа, пак погоди со трансферот во Арсенал каде што прераснува во еден од лидерите на тимот.

Одегард во моментов е со норвешката репрезентација која што ќе одигра неколку пријателски натпревари, а во тимот се наоѓа и Ерлинг Халанд.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд се распрашувал за тоа како е да се игра во Реал, а тоа го потврди и Одегард.

„Точно е дека превевме муабет околу Реал Мадрид, но тоа не беше ништо специјално“ изјави Одегард.

- Оглас -

Најнови вести