Некои навивачи не забораваат: Ристовски во 2017 пеел навредливи песни против Динамо

Во 2017 година, кога Риека ја освои титулата во Хрватска, во таа еуфорична радост и прослава, некои фудбалери го зедоа микрофонот и заедно со навивачите пееја „Динамо на к…. ќе биде шампион“, а меѓу нив беше и македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. Вчера Ристовски потпиша за Динамо и некои навивачи не му ги забораваат навредите кон клубот чиј дрес ќе го носи во следниот период.

Несомнено е дека 28-годишниот Ристовски е големо засилување за десната бековска позиција на загрепските Модри, но пред четири години „малку се залета“ и направи нешто што не требаше бидејќи не се знае што носи иднината, па тоа треба да му биде поука и нему и на другите фудбалери. Сега Стефан ќе биде под лупа на фановите и ќе треба да ја докажува лојалноста кон Динамо, а помош треба да му дојде од капитенот Аријан Адеми, со кого летово ќе играат за Македонија на ЕП.

Сепак, огромното мнозинство навивачи на Динамо го поздравија неговото потпишување, се радуваат што таков играч ќе го носи дресот на Динамо и посакуваат тој да биде во форма како кога играше за Риека.

- Оглас -

Најнови вести