Некои се радуваат, други тагуваат а еден тим имаше очајна сезона, една од најлошите во историјата (ФОТО)

Манчестер сити е шампион на Англија со неверојатниот пресврт од 3:2 против Астон Вила, а со тоа Ливерпул и неговите навиачи останаа за поен пократки од ваквото остварување.

Лидс успеа да обезбеди прволигашки статус, додека Барнли, Ватфорд и Норвич ќе бидат дел од Чемпионшип во наредната сезона.

Тотенхем, пак со победата од 5:0 против Норвич го обезбеди четврттото место во Премиер лигата, додека Арсенал заврши под број пет.

Сепак, еден тим имаше очајна, ако не и најочајна сезона во поблиската клупска историја, а тоа е Манчестер јунајтед.

И покрај неверојатните вложувања во оваа сезона, каде што го доведоа Кристијано Роналдо, но и искешираа 90 милиони евра за Џејдон Санчо, тимот од Манчестер заврши само на шестото место со дури 35 бодови помалку од нивниот градски ривал.

Денеска загубија и од Кристал Палас на гостински терен, а тоа значи и шест едноподруго порази на гости, прв пат по 1981 година.

Ерик Тен Хаг кој што беше на трибините на оваа средба, ќе мора добро да ги засука ракавите за да го врати на правите патеки овој заспан гигант.

- Оглас -

Најнови вести