Некој „дебело“ ќе плати: Миха со опасна тактика го бара натрапникот во екипата

Болоња очекувано загуби на гостувањето кај Интер со 3-1, а Синиша Михајловиќ беше во центарот на вниманието по натпреварот.

На прес-конференцијата, тренерот на Болоња беше прашан зошто не ја искористи новата тактика со која ја подготвувал екипата во пресрет на дуелот на „Џузепе Меаца“, а Михајловиќ откри дека немало никаква нова тактика, туку дека тоа му било начин да го најде фудбалерот кој пренесува информации до медиумите.

„Тоа што го подготвувавме беше лажна тактика со цел да дознаам кој од моите играчи пренесува информации до медиумите. Последниот тренинг беше од затворен тип, бевме само јас и играчите, па затоа намерно трениравме нова стратегија за да видам дали информацијата ќе се пренесе и кој од новинарите ќе ми постави вакво прашање. И ете, се случи токму како што очекував. Вие (новинарите) никогаш ништо не знаете за другите екипи, но за нас сте детално информирани. Сега останува да го најдам натпрапникот, а кога ќе го најдам ќе го залепам за ѕид и само ќе му пренесам дека завршил со играње додека јас сум тренер тука“, истакна Михајловиќ.

- Оглас -

Најнови вести