Некој лаже во врска со Емилијано Сала

Помина повеќе од еден месец од трагичната авионска несреќа во која загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала. Голгетерот кој направи трансфер од Нант во Кардиф, изнајми приватен лет за да оди во Франција за да се поздрави со соиграчите и потоа да ја започне новата авантура во Кардиф. Сепак, летот кој беше од Нант, никогаш не стигна до Кардиф. Авионот се урна во водите на Ла Манш.

Менаџерот Вили Мекеј кој го организираше кобниот лет, го обвини Кардиф како клуб кој не сакал да помогне во организација на патувањето на Сала во Нант.

„Беше напуштен во хотелот. Го оставија сами да го организира превозот. Никој во Кардиф не презема ништо околу тоа. Срамотно однесување. Купија играч од 17 милиони евра, а го оставија сам во хотелот да си најде лет за Франција. Од Кардиф се однесуваа многу лошо“, рече фудбалскиот менаџер, кој го изнајми авионот Пајпер Малибу ПА-46.

Сепак, дека не е се така како што зборува менаџерот Мекеј покажуваат фотографиите од комуникацијата на Сала со еден тимски менаџер на Кардиф. Според пишуваното во пораките, од Кардиф му понудиле да му организираат лет до Франција.

Како се одвивал разговорот:

Тимскиот менаџер: (кренат палец)

Сала: Ви благодарам многу.

ТМ: Нема проблем пријателе. Шпански пишувам многу подобро отколку што зборувам.

Сала: Ха ха ха, добро ви оди.

ТМ: Мојата девојка зборува шпански. Таа е професорка.

ТМ: (Му праќа податоци за комерцијалниот лет кој му бил понуден)

ТМ: Ова е една од опциите. Кардиф-Париз. Но уште е рано.

 

- Оглас -

Најнови вести