Неколку часа пред да почине, се пофали со мајсторија направена со тениско топче (Видео)

Фудбалскиот свет вчера се потресе по смртта на Инокентиј Самохвалов. Младиот 22-годишен фудбалер на Локомотив Москва почина од срцев удар додека имал самостоен тренинг во својот дом. Самохвалов беше играч на Локоси од 2015 година, но играше за резервниот тим на прволигашот, за Казанка, во третата руска лига.

Непосредно пред смртта, рускиот фудбалер постирал видео на социјалните мрежи на кое се гледа како жонглира со тениско топче и успева да даде кош со шут. На видеото се гледа дека Самохвалов е задоволен и среќен, но само неколку часа подоцна неговото срце откажа.

- Оглас -

Најнови вести