Голема трагедија се слуучи во Русија, а животот го загуби 22-годишниот фудбалер на Локомотив Москва Инокентиј Самохвалов.
При тренинг во услови на карантин на младиот играч му се слошило и набрзо починал. Според информациите причина за смртта е срцев удар.
Самохвалов е играч на Локоси од 2015 година, но играше за резервниот тим на прволигашот, за Казанка, во третата руска лига.
„Жалиме за загубата која е голема и за нас како клуб и за семејството. Причините за смртта ги очекуваме дополнително“, објавија од Локомотив.
Тренерот на Казанка, Александар Гришин изјави дека срцев удар е причината за смртта на 22-годишниот Самохвалов.