Нема да му биде сеедно, Џерард првпат ќе гостува на неговиот „Енфилд“

Натпреварот од Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Астон Вила од 16 часот на „Енфилд“, нема да биде обичен за гостинскиот тренер Стивен Џерард, иако тој сака така да каже, намалувајќи ја тензијата пред неговото прво појавување на стадионот на Ливерпул како гостински тренер.

Џерард целата играчка кариера (17 сезони) ја мина во Ливерпул, долго беше и капитен на тимот, и на легендата на Црвените секако ќе му биде чудно што ќе треба да влезе во гостинската соблекувална. Но, од друга страна, професионалец е, ќе се потруди неговата Астон Вила да го изненади Ливерпул.

„Ја разбирам фамата околу моето враќање таму. За мене, ова е уште еден меч за кој треба да го подготвам тимот што е можно подобро, и да се обидам да направам позитивен резултат за Астон Вила. Треба да се сконцентрираме на фудбалот и трите бода. Немам ништо против после мечот да не бидам најсаканата личност на Енфилд“ – вели 41-годишниот Џерард, кој пред мечот, сигурно ќе добие овации на стадионот на кој се прослави како фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести