Нема двојна европска титула за Шпанија – Унгарија е на тронот во ватерполо

Шпанија не успеа да има двојна радост денеска. Ватерполо репрезентацијата на Црвената фурија играше и во финалето на Европското првенство, но за нивна жал беа поразени. Во драматилно финале, Шпанија дури по изведување на пенали загуби од домаќинот Унгарија.

Во првата четвртина Шпанците поведоа со 3:1, но Унгарија со серија од 3:0 во втората четвртина стигнаа до предност од 4:3. Голот предност на Унгарија остана и по третата четвртина, а во последната четвртина Шпанија беше подобра со 4:3, за 9:9 на крајот од мечот, па мораше да се изведуваат пенали.

Унгарците беа непогрешливи, а Ортега промаши за Шпанија и тоа беше доволно на крајот Унгарија да се радува на титулата. За Унгарија ова е четврта европска титула, а прва по 1999 година.

Во меч за третото место Црна Гора со 10:9 ја победи Хрватска, а петото место го освои Србија која со 8:7 ја победи Италија.

- Оглас -

Најнови вести