Ајнтрахт Франкфурт и Салцбург не играат вечерва во Лигата на Европа, мечот е одложен за утре од 18 часот поради невреме во Салцбург, но забавата за симпатизерите на бундеслигашот не беше проблем.
Околу илјада навивачи на Ајнтрахт заминаа на хокеарски меч во Клагенфурт и ги изненадија хокеарите на домашниот тим и на Болцано со присуство на мечот од австриската лига.
Со скандирање направија убава атмосфера на радост на играчите на Клагенфурт и на Болцано.
https://twitter.com/jtresbach/status/1233093205601771520?s=20
Ајнтрахт има голема предност од 4:1 по првиот меч и се многу блиску до пласман во осминафиналето во Лигата на Европа, а утре од 18 часот ќе имаат поддршка од своите симпатизери, кои допатуваа во Салцбург и вечерва се забувуваа на хокеарски меч.