Нема голови, и вечерва ли двете осминафиналиња ќе бидат со 0-1 гол?

На вечерашните мечеви од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, Борусија Дортмунд – Челзи и Бриж – Бенфика, по првото полувреме е 0-0 и со ова продолжи трендот кој почна вчера – средбите од нокаут-фазата да бидат неефикасни.

Вчера падна по еден гол на двата меча, слично сценарио се заканува и за денеска.

Белгискиот Бриж првпат во својата историја игра меч од нокаут-фазата, а можеа да испишат уште една светла страница од својата историја ако не им беше поништен голот што го постигнаа во финишот на првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести