Нема класично дерби што е одлична шанса за „ајфон 12“ – Одиграјте Спортска прогноза до 15 часот

Новото 24. коло на Спортска прогноза нема класично дерби и можеби тоа е шанса за сите учесници полесно да стасаат до мобилен телефон „ајфон 12“.

Тринаесетката секогаш е интересна за играње, а имате можност да се приклучите со свои прогнози денеска до 15 часот.

Во фокусот се дуелите во Шпанија меѓу Валенсија и Барселона и баскиската пресметка меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.

Сите 13 натпревари и двата резервни пара се од Топ-5 лигите во Европа, што е познат терен за учесниците во Спортска прогноза, па конечно се очекува и првиот добитник на вредната награда, “ајфон12“.

Учеството е многу лесно и единствен услов е да имате СЛ картичка, која е бесплатна како и играта и може лесно да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести