Нема крај на лудоста – На стадион го однесоа ковчегот со мртвиот пријател

Пред неколку денови во Аргентина се појави навивач кој реши да ја прослави шампионската титула на Расинг со човечки череп во неговите раце. Навивачот објасни дека тоа е черепот на неговиот починат дедо кој бил голем навивач на тимот кој доаѓа од предградието на Буенос Аирес. 

Оваа морбидна навивачка ситуација е надмината, и тоа само неколку дена подоцна. Во Колумбија, на трибините на еден стадион се појави ковчег со мртовец во него. Дел од навивачите на тимот на Кукуте Депортиво ги шокираа сите присутни на трибините кога се појави ковчегот со мртовецот во него.

Тоа било телото на 17-годишно момче кое претходниот ден било убиено додека играло фудбал на улица. Момчето воопшто не било во конфликт со никого, туку едноставно се нашол на погрешно место во погрешно време. Неговите пријатели решиле да го одведат на последниот меч на неговиот омилен тим, а потоа бил погребан.

- Оглас -

Најнови вести