Нема крај на проблемите за Реал, уште еден војник на Зидан откажа за вечер

Реал Мадрид вечерва има многу тешко гостување кај Хетафе, не толку поради силата на противникот, колку што Кралскиот клуб ќе ослабен со многуте отсутни играчи. Денеска Реал објави дека Федерико Валверде имал контакт со лице кое е позитивно на коронавирус, и замина во изолација, па нема да игра вечер.

Борбениот Уругваец е еден од омилените играчи на Зинедин Зидан, бидејќи многу трча, а и го користи на неколку позиции. Вечерва тој требаше да го покрие неиграњето на Касемиро, но ништо од планот. Валверде засега не е позитивен на Ковид-19, но вечер не може да игра. Ако остане негативен, би се појавил в среда против Кадис. На мечот со Кадис ќе се вратат уште неколку играчи, но Реал мора да преживее вечерва со втор тим за да ја продолжи битката за титулата.

Зидан дополнително повика четворица млади играчи од Реал Мадрид Б, за да ја пополнат клупата за резерви. А, меѓу стартерите има многумина кои во нормални услови би биле резерви. Шпанските медиуми најавуваат дека почетниот состав на Реал вечерва ќе биде: Куртоа, Одриозола, Милитао, Чуст, Марсело, Крос, Модриќ, Иско, Асенсио, Бензема и Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести